
Еко Флуид со промотивни активности за подигнување на јавната свест за одговорно управување со отпадни масла
Во рамки на иницијативата, на повеќе бензински станици на ЛУКОИЛ се реализираат промотивни активности преку кои граѓаните имаат можност директно да се информираат за важноста на правилното собирање и управување со отпадните моторни масла.
Еко Флуид продолжува со активности за информирање на јавноста за значењето на правилното управување со отпадното моторно масло и ризиците од неговото несоодветно постапување.
Во рамки на иницијативата, на повеќе бензински станици на ЛУКОИЛ се реализираат промотивни активности преку кои граѓаните имаат можност директно да се информираат за важноста на правилното собирање и управување со отпадните моторни масла.
Посетителите можат да се запознаат со системот на Еко Флуид, начинот на кој се организира управувањето со отпадното моторно масло и улогата на одговорното постапување во заштитата на животната средина.
Досега, активностите се реализирани на повеќе бензински пумпи на ЛУКОИЛ во Охрид, Битола и Скопје, а иницијативата продолжува и на дополнителни локации во периодот што следува.
Директниот контакт со граѓаните е значаен дел од процесот на подигнување на јавната свест. Преку разговор, информирање и размена на информации, граѓаните добиваат можност подобро да разберат зошто отпадното моторно масло не треба да се третира како обичен отпад и какви последици може да има неговото несоодветно управување.
Со ваквите активности, Еко Флуид продолжува да ја приближува темата за одговорното управување со отпадните масла до граѓаните и да поттикнува поголема информираност и одговорност во заедницата.
Информираноста е првиот чекор кон одговорно постапување.
Заедно ја претвараме одговорноста во вредност!


