За нас

„ЕКО-ФЛУИД“ е прва лиценцирана компанија во Северна Македонија, со основна дејност управување со масла и отпадни масла.

  • 2023

    година на основање

  • 4

    компании основачи

  • 1

    прва лиценца во државата

Кои сме ние?

ЕКО-ФЛУИД е непрофитна компанија, основана на 20.11.2023, чија дејност е управување со отпадни моторни и индустриски масла, согласно Законот за Проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, и Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

ЕКО ФЛУИД се обврзува да воспостави систем за управување на отпадните индустриски и моторни масла, во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во Република Северна Македонија, како и со меѓународните стандарди.

Целта на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државните институции и, согласно европските регулативи, да го минимизира негативното влијание на отпадните масла врз животната средина и да промовира одговорен однос кон нив, овозможувајќи поквалитетен живот за сите.

Мисија

Организираме одговорно собирање и рециклирање на отпадните моторни масла, соработувајќи со компаниите за исполнување на нивните обврски и заштита на животната средина.

Визија

Да создадеме систем што го продолжува животниот циклус на отпадното моторно масло.

Вредности

  • Компетентност

    Поседуваме знаење, вештини и искуство потребни за успешно извршување на нашите задачи. Континуирано ги надградуваме своите компетенции, разменуваме знаење и се стремиме кон постојано унапредување на квалитетот на нашата работа.

  • Интегритет

    Работиме според високи етички стандарди и морални принципи, без компромис, дури и во предизвикувачки ситуации. Со доверливите информации постапуваме одговорно и внимателно.

  • Фокус кон клиентите

    Потребите и задоволството на нашите клиенти се во центарот на нашето работење. Секогаш настојуваме да обезбедиме квалитетна услуга и да изградиме долгорочна доверба.

  • Експертиза

    Нашето знаење и искуство се темел на квалитетот на нашата работа. Континуирано ја развиваме нашата стручност и експертиза, споделуваме знаење и се стремиме кон постојано подобрување.

Нашиот Систем

Еко Флуид обезбедува целосно организиран процес – од преземање на отпадното индустриско масло, преку еколошки стандардизиран транспорт и соодветна документација, до негово доставување на соодветна локација за рециклирање и преработка. Со воспоставен систем и проверени партнери, се грижиме отпадното масло правилно да се управува и повторно да се врати како ресурс во циркуларната економија.

Како функционира системот?

  1. Авто-сервисот го собира отпадното моторно масло при секојдневното работење.

  2. Овластен собирач го презема маслото од локацијата на сервисот, согласно договор.

  3. Овластен рециклатор го третира маслото согласно еколошките и законските стандарди.

Инвестиција во инфраструктура

Еко Флуид инвестира во развој на системот за правилно управување со отпадни индустриски масла преку обезбедување специјализирана опрема за своите партнери и Еко Сервиси.

Со соодветна опрема и професионална поддршка, овозможуваме побезбедно собирање, складирање и предавање на отпадните индустриски масла, создавајќи поефикасен и одржлив систем за рециклирање.

Обврски на „ЕКО-ФЛУИД“

Нашата компанија се обврзува да воспостави систем за управување на отпадните моторни масла, во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во Република Северна Македонија, како и со меѓународните стандарди.

  • Со средствата со кои ќе располага, ЕКО-ФЛУИД ќе ги субвенционира сите аспекти на процесот на управување со отпадните моторни масла, вклучително воспоставување на потребната инфраструктура, собирање на отпадните моторни масла од изворните локации и транспортирање на истите до лиценцирани рециклатори. Целта е целосно да се затвори овој циклус, и истовремено со почитување на сите применливи правила и стандарди во областа на животната средина и одржливиот развој.

  • Следна обврска на ЕКО-ФЛУИД е организирање на едукативни кампањи со цел детално запознавање на граѓаните со отпадните моторни масла и нивната значајна улога во заштитата на животната средина. Целта на овие кампањи е да се подигне свеста и да се едуцираат граѓаните како правилно да ги селектираат отпадните моторни масла во специфични садови, со цел да се осигура нивната еколошка обработка. Преку овие едукативни и информативни иницијативи, стремиме кон активно вклучување на заедницата во постигнување одговорен однос кон отпадните моторни масла како значителен ресурс за рециклирање.

Обврските на клиентите на „ЕКО-ФЛУИД“

Кои компании имаат законска обврска да склучуваат договор за менаџирање на отпадните моторни масла?

  • Сите компании кои увезуваат или произведуваат производи од масла и истите ги пуштаат на пазарот на Република Северна Македонија, имаат законска обврска да склучуваат договор со лиценцирана компанија за менаџирање на отпадните моторни масла. ЕКО-ФЛУИД, како професионална компанија, гарантира ефикасна услуга за менаџирање на отпадните моторни масла, во согласност со законските обврски.

  • Согласно законските одредби секоја членка има обврска да доставува квартални извештаи, кои се подготвени по основ на продажба. Извештајот се дели по спецификации во зависност од производствениот материјал на отпадни моторни масла. Кварталниот извештај се доставува најдоцна до 15-ти ден во тековниот квартал за претходниот квартал. Исто така, секоја членка е обврзана да достави годишен извештај најдоцна до 15 јануари за претходната година. Секоја членка согласно законските одредби презема одговорност за веродостојноста на доставените податоци и извештаи.

Од отпад до ресурс

  1. Организираме Собирање

    Отпадното масло го преземаме од сервисите и индустријата, безбедно и со целосна документација.

  2. Обновување

    Го предаваме на овластен преработувач, каде од отпад повторно станува ресурс.

  3. Рециклирање

    Отпадното моторно масло се враќа во употреба, а животната средина останува заштитена.

Нашиот придонес

Еко Флуид активно придонесува кон развојот на одржливо управување со отпадни моторни и индустриски масла и унапредување на циркуларната економија во Северна Македонија.

Преку соработка со компаниите, институциите и јавноста, споделуваме знаење, поддржуваме добри практики и придонесуваме кон создавање ефикасен систем за собирање, преработка и повторно искористување на отпадните моторни масла.

Нашиот придонес се темели на едукација, партнерство и континуирано подобрување на системот, со цел заштита на животната средина и создавање одржлива вредност за целото општество.

Центар за циркуларна економија

Еко Флуид е дел од Центарот за циркуларна економија при Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од својата заложба за активно учество во развојот и унапредувањето на циркуларната економија во Северна Македонија.

Преку учеството во Центарот, Еко Флуид придонесува кон размена на знаење, развој на практични решенија и заеднички иницијативи за подобрување на системите за управување со отпад. На овој начин, Еко Флуид поддржува создавање услови за премин од линеарен кон циркуларен модел на економија и активно придонесува во креирањето на поодржливи практики и политики.

Основачи на Еко Флуид

Четири компании од секторот на масла што го основаа колективниот постапувач.

  • ФУКС МАК ДООЕЛ
  • БОДАЛ ДОО
  • СЕЧА 96 ДОО
  • МАК-ЛУБ ДОО

Запознајте го тимот

Нашата работа ја движат луѓе кои веруваат во еко-промена.

  • Бесник Адеми

    Извршен директор

    Извршен директор

    Го насочува стратешкиот развој на компанијата, со фокус на одржлив раст, иновации, ефикасност и унапредување на практиките на циркуларна економија. Преку финансискиот надзор, развојот на бизнисот и оптимизацијата на процесите, обезбедува ефикасно управување и градење долгорочни партнерства.

  • Ирена Тасевска

    Маркетинг координатор

    Маркетинг координатор

    Одговорна за планирање, координација и реализација на маркетинг активности кои ја зголемуваат препознатливоста на брендот и го поддржуваат растот на компанијата.

  • Александра Ѓорѓиевска

    Менаџер за поддршка на клиенти

    Менаџер за поддршка на клиенти

    Одговорна за воспоставување и одржување долгорочни односи со потенцијални и тековни членки, обезбедувајќи професионална, навремена и квалитетна поддршка.

  • Кристијан Поп Илиев

    Финансиски и оперативен менаџер

    Финансиски и оперативен менаџер

    Одговорен за планирање, координација и оптимизација на секојдневните оперативни процеси, како и за ефикасно управување со финансиското работење на организацијата.