Транспарентност

Постапка за избор на собирачи, складови и рециклатори. (ЗПО чл. 29(13))

Повик за соработка

Начин и постапка за избор на правно или физичко лице за собирање, транспорт, складирање и/или преработка на отпадно моторно масло за 2026 година

За потребите на ДУОМ ЕКО-ФЛУИД ГРУП ДОО Скопје со ЕМБС 7727143 и ЕДБ МК4043023536914 застапувано од Управителот Бесник Адеми, се покануваат сите правни и физички лица кои што поседуваат важечки лиценци и дозволи да достават понуда за собирање, транспорт, складирање, преработка, рециклирање на отпадно моторно масло.

Повикот се спроведува согласно член 29 од Правилникот за управување со посебните текови на отпад и релевантните подзаконски акти. Повикот е отворен континуирано, сè до исполнување на целите утврдени од страна на Еко-Флуид Груп, во својство на колективен постапувач.

Секој заинтересиран понудувач може да поднесе понуда во текот на целиот период на траење на повикот. Поднесените понуди ќе се разгледуваат периодично, а со избраните субјекти ќе се склучуваат договори со минимално времетраење од една фискална година.

Изборот на понудувачите ќе се врши согласно потребите на Колективниот постапувач, во рамки на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/2021) и Законот за управување со дополнителни текови на отпад („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/2021).

Услови за учество

Потребна документација за избор на правно или физичко лице согласно повикот:

  • Тековна состојба доколку понудувачот е правно лице, не постара од 6 месеци
  • Лична карта доколку понудувачот е физичко лице
  • Важечка дозвола за собирање, транспорт, складирање, преработка, рециклирање на отпадно моторно масло издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Сообраќајна дозвола од возилото/лата
  • АДР сертификат за возилото/лата
  • Финансиска понуда

За да биде разгледана и земена предвид понудата, правните и физичките лица треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да поседуваат важечки дозволи издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање за собирање, транспорт, складирање, третман и/или преработка на отпад, согласно видот на активноста што ја извршуваат.
  2. Со договорот задолжително се утврдуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни, минималната количина на отпад за која понудувачот презема обврска, како и видот на отпадот што е предмет на договорот.
  3. Понудувачот може да го предаде отпадот на друго овластено правно лице, при што задолжително треба да обезбеди и приложи соодветна транспортна документација, идентификациони формулари и известување до ДУОМ ЕКО-ФЛУИД ГРУП ДОО.

Начин на достава на понуда

Понудата треба да се достави на следниов e-mail info@ekofluid.mk или преку препорачана пошта до следната адреса:

ДУОМ ЕКО-ФЛУИД ГРУП ДООул. Петричка бр. 6/2-7, Скопје

Со понудата задолжително се доставуваат:

  • Важечка дозвола издадена од надлежното Министерство
  • Краток опис на техничкиот и логистички капацитет
  • Предлог на услови за соработка

Понудите кои не се придружени со соодветна дозвола нема да се земат предвид.

ДУОМ ЕКО-ФЛУИД ГРУП ДОО Скопје ќе склучи договор само со правни или физички лица кои што ќе ја достават во целост документацијата согласно зададениот рок. Понудите испратени после зададениот рок нема да бидат земени во предвид согласно јавниот повик.

Обврски

Сите активности подлежат на периодичен надзор и контрола, согласно важечките законски и подзаконски прописи. Субјектите се обврзани да водат уредна и целосна евиденција за реализираните активности и да доставуваат годишен извештај најдоцна до 31 јануари во тековната година, за активностите реализирани во претходната календарска година.