Еко Сервис

Со Еко Флуид, управувањето со отпадното моторно масло станува едноставно, организирано и сигурно — навремено преземање, целосна документација и предавање на овластен рециклатор.

Каде сме?

Мрежата на Еко Сервиси расте низ целата држава. Изберете регион за да ги видите автосервисите што предаваат отпадно моторно масло, со адреса и телефон.

Уште 2 региони наскороГраниците © EuroGeographics / Eurostat GISCO

Автосервиси и работилници «Еко Сервис»

Ако создавате или чувате отпадно моторно масло , вие сте поседувач - и обврските се ваши.

Поседувачот е должен отпадното масло да го предаде на овластен собирач, да води евиденција и да ја чува документацијата за преземањето. (ЗУДТО чл. 48 · чл. 53(3))

Што обезбедува Еко Флуид

  • Бесплатно преземање на отпадното масло од вашата локација.
  • Целосна документација за секое преземање — доказ дека обврската е исполнета.
  • Обука за правилно и безбедно ракување со отпадни масла.

Што е забрането (ЗУДТО чл. 8)

  • Горење на отпадно масло надвор од одобрена постројка.
  • Испуштање во канализација, почва или водотек.
  • Мешање на отпадни масла со други видови отпад или меѓу себе.

Кој може да стане Еко Сервис?

Еко Сервис може да стане секој автосервис кој во својата работа генерира отпадно моторно масло и сака одговорно да управува со него.

Секој автосервис има обврска отпадното моторно масло да го складира и управува соодветно. Со правилното постапување, покрај исполнувањето на законските обврски, вашиот сервис придонесува и за заштита на животната средина. Кога стануваш Еко Сервис, покажуваш дека работиш одговорно, го следиш правилното управување со отпадното масло и се грижиш за животната средина.

Што добива еден Еко Сервис

Бенефити од членството во мрежата на Еко Сервиси.

  • Специјализирана еко опрема

    Добивате пристап до напредна и специјализирана еко опрема што ви овозможува ефикасно и безбедно работење според највисоките стандарди.

  • Професионална обука

    Поминувате професионална обука која ви ги дава потребните знаења и вештини за квалитетно и правилно управување со отпадните моторни масла.

  • Поддршка во законска усогласеност

    Добивате постојана поддршка за да бидете целосно усогласени со сите законски прописи и регулативи поврзани со обврската за управување со отпадно моторно масло.

  • Сертификат за Еко Сервис

    По успешно завршување на обуката добивате официјален сертификат за Еко Сервис што ја потврдува вашата експертиза и ја зголемува довербата кај клиентите.

  • Вмрежување со лиценцирани собирачи и рециклатори

    Еко Флуид ве поврзува директно во мрежа на лиценцирани собирачи и рециклатори, што ви овозможува лесна и сигурна соработка во целиот процес на управување со отпад и отпадни масла.

  • Еко Гаранција

    Со Еко Гаранцијата вашиот сервис добива дополнителна сигурност и препознатливост како доверлив и квалитетен еко партнер за управување со моторни масла на пазарот.

Што опфаќа професионалната обука?

Професионалната обука за Еко Сервис опфаќа:

  • Правилно складирање, ракување и управување со отпадно моторно масло
  • Запознавање со законските обврски и одговорности на автосервисите
  • Превенција од истекување, загадување и несоодветно отстранување на отпадот
  • Водење на потребната евиденција и документација
  • Примена на добри еколошки и безбедносни практики во секојдневното работење
  • Практични насоки за создавање почиста, побезбедна и поодговорна работна средина

Обуката им помага на автосервисите да ги исполнат своите обврски, да работат правилно и да изградат доверба кај клиентите како одговорен Еко Сервис.

Видеа

Греењето со отпадно моторно масло е штетно за здравјето но и средината. Дознајте повеќе за Еко Сервис и системот на Еко Флуид на нашиот Youtube канал.

Погледнете ги видеата на YouTube

Еко Сервис низ бројки

Мрежата расте — секој нов сервис значи уште едно место каде отпадното масло завршува таму каде што треба.

20+

Еко Сервиси

Стани Еко Сервис

Зачленувањето е едноставно, контактирајте го тимот на Еко Флуид телефонски или со пополнување на формата подолу.

Знакот Еко Сервис — think green, act green

Внесете ги вашите податоци

Пополнете ги полињата, а нашиот тим ќе ве контактира во најкраток рок.

Вашите податоци ги користиме само за да ви одговориме. Не ги споделуваме со трети страни.

Еко Линија

Имате отпадно моторно масло?

Автосервиси, механичари и граѓани — јавете се и ќе организираме подигнување на отпадното моторно масло.

+389 70 270 094— јави се на Еко Линија