Производители и увозници

Дали вашиот производ подлежи на обврската, колку чини, и што следува откако ќе се зачлените.

Производители и увозници

Доколку пуштате моторни масла на пазарот во Р. Северна Македонија, вие сте одговорни за исполнување на оваа обврска.

Во согласност со Законот за управување со дополнителни текови на отпад, кој влезе во сила на 01.01.2024 година, сите компании што произведуваат или увезуваат производи од масла, имаат обврска да организираат систем што ке ги собира, селектира и рециклира нивните отпадни масла што настануваат по нивното употребуванье од страна на краните потрошувачи. (ЗУДТО чл. 72(4)–(5))

Обврската од членот 17 од Законот за проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови се однесува само на производител, кој пуштил годишно на пазар или увезол во Република Северна Македонија повеќе од 100 кг производи од масла. (ЗПО чл. 17)

Дали вашиот производ е опфатен?

Опфатот го дефинираат 15 тарифни броја. Ова се истите броеви што ги избирате при поднесување пријава.

Прикажани 15 од 15 тарифни броја

2710Масла од нафта и битуменозни минерали

  • 2710 19 81 00
  • 2710 19 83 00
  • 2710 19 85 00
  • 2710 19 87 00
  • 2710 19 91 00
  • 2710 19 93 00
  • 2710 19 99 00

3403Препарати за подмачкување

  • 3403 11 00 00
  • 3403 19
  • 3403 19 10 00
  • 3403 19 20 00
  • 3403 19 80 00
  • 3403 91 00 00
  • 3403 99 00 00

3819Подготвени адитиви

  • 3819 00 00 00

Петте категории што ги пријавувате

Количините се пријавуваат во килограми, по категорија.

  • Моторни масла
  • Масла за менувачи
  • Течности за сопирачки
  • Хидраулични масла
  • Масти

Колку чини

Како член на Еко Флуид

45ден/кг

Договорните производители се ослободени од надоместокот што го наплатува државата. (ЗУДТО чл. 25)

Ако не сте член — надоместок кон државата

150ден/кг

Законски утврден надоместок за масла ставени на пазарот. (ЗУДТО чл. 23(2)(1))

Нашите членки

Компании што со Еко Флуид ја исполнуваат својата обврска за управување со отпадни масла.

  • Amphenol Tel-Ad
  • CIAK
  • DRÄXLMAIER
  • Dubrovkinja
  • Gerresheimer
  • KOSTAL
  • Kromberg & Schubert
  • LIBERTY
  • LTH Castings
  • LUKOIL
  • MakAutoStar
  • Makitel Dooel
  • MAKSTIL
  • Mega Auto Parts
  • Würth
  • Дојран Стил

Што следува откако ќе се зачлените

Процесот е ист за секој член, и се води преку порталот за најава.

  1. Договор

    Се потпишува договор со Еко Флуид. Без договор нема членство.

  2. Пријава

    Ги пријавувате количините пуштени на пазарот, во килограми, по категорија.

  3. Фактура

    По одобрување на пријавата се издава фактура за надоместокот.

  4. Потврда

    По исполнета обврска добивате годишна потврда.

Статуси на пријавата

Членот пријавува месечно; Еко Флуид известува квартално до надлежниот орган. (ЗПО чл. 31(3))

  1. Во чекање
  2. Одобрено
  3. Фактурирано
  4. Платено

Годишната потврда е доказ дека обврската за таа година е исполнета. (ЗУДТО чл. 18(4)–(6))