
100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните
По повод одбележувањето на 100 години од постоењето на Зоолошката градина Скопје, средношколци од 11 скопски средни училишта учествуваа на дводневниот базар „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните“.
Базарот претставуваше можност младите преку својата креативност и ангажман да придонесат кон грижата за животните. Учениците ги претставија своите креативни производи, ракотворби и различни изработки, а средствата собрани од продажбата беа наменети за потребите на животните во Зоолошка градина Скопје.
Иницијативата покажа како креативноста, одговорноста и емпатијата можат да се претворат во конкретна поддршка и позитивен придонес кон заедницата. Воедно, таа испрати важна порака до младите за значењето на грижата за животните и заштитата на животната средина.
Еко Флуид со задоволство ја поддржа оваа иницијатива, придонесувајќи кон подигнување на свеста за одговорното управување со отпадното моторно масло и ризиците кои неговото несоодветно постапување може да ги има врз животната средина.
Грижата за животните и грижата за природата се меѓусебно поврзани. Заштитата на животната средина значи создавање побезбедна и поздрава средина за сите живи суштества, а одговорното постапување со отпадот и отпадното моторно масло е важен дел од таа одговорност.
Им благодариме на Зоолошката градина Скопје за можноста да бидеме дел од оваа значајна иницијатива и заедно да ја поддржиме пораката дека секој придонес кон почиста и поздрава животна средина има значење.
Капко чувар на кругот на природата!
За животните. За природата. За иднината.


