циак македонија
Едукација1 мин читање

Еко Флуид поддршка на Miles Challenge 2026

Еко Флуид беше поддршка на Miles Challenge 2026, во организација на Ciak Grupa Macedonia – настан кој на поинаков и динамичен начин ги поврза професионалците од автомобилскиот сектор.

Со учество на 16 натпреварувачи, распоредени во две групи, Miles Challenge понуди несекојдневен предизвик исполнет со адреналин, брзина и натпреварувачки дух. Главниот предизвик беше во вештината и брзината при промена на плочки, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите знаења и практични способности.

За Еко Флуид, поддршката на вакви иницијативи претставува можност за поврзување со професионалната заедница, поддршка на автомобилскиот сектор и придонес кон создавање активна и поврзана индустрија.

Браво за сите учесници за покажаната посветеност, вештина и натпреварувачки дух, а честитки до победникот на Miles Challenge 2026!

Продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите што ги обединуваат професионалноста, знаењето и духот на соработка во автомобилскиот сектор.

Сподели: