Март одбележан со пошумување во Холандскиот парк во Охрид
Активности за јавна свест1 мин читање

Март одбележан со пошумување во Холандскиот парк во Охрид

Оваа година, на настанот организиран со Збогум Буково во Охрид, 8 Март беше одбележан на еден поинаков и еколошки начин.

Оваа година, на настанот организиран со Збогум Буково во Охрид, 8 Март беше одбележан на еден поинаков и еколошки начин. Наместо традиционалното подарување цвеќиња, се реализираше акција за пошумување на Холандскиот парк, со што се придонесе кон создавање позелена и поздрава животна средина. Во акцијата учествуваа бројни волонтери и граѓани, кои заеднички засадија нови садници и испратија силна порака дека грижата за природата е најубавиот подарок.
Како симболичен и одржлив подарок, секоја присутна жена доби сет со микробилки, поттикнувајќи одговорен однос кон природата и здрави животни навики.
Заедно градиме поздрава и позелена иднина 🌍

Сподели: