
Еко Флуид дел од Отворениот ден на Мега Ауто Партс
На 19 септември, Еко Флуид учествуваше во организацијата на Отворениот ден на Мега Ауто Партс, настан кој обедини претставници од автомобилскиот сектор и создаде можност за професионална средба, размена на искуства и воспоставување нови контакти.
Како колективен постапувач посветен на воспоставување одговорен и ефикасен систем за управување со отпадното моторно масло, Еко Флуид континуирано работи на поврзување со компаниите и професионалците од секторот. Ваквите активности претставуваат значаен простор за размена на знаења, идентификување на предизвици и отворање можности за понатамошна соработка.
Посебен фокус беше ставен на важноста од правилното постапување со отпадното моторно масло и потребата од поголема информираност за неговото влијание врз животната средина. Одговорното собирање и управување со отпадното масло е важен дел од воспоставувањето одржливи практики во автомобилскиот сектор.
Преку присуството на вакви настани, Еко Флуид продолжува да ја поддржува соработката со бизнис-заедницата, размената на практични искуства и подигнувањето на јавната свест за значењето на одговорното управување со отпадот.
Им благодариме на Мега Ауто Партс за можноста да бидеме дел од Отворениот ден и за создадениот простор за професионално поврзување и заеднички придонес кон поодржлив автомобилски сектор.


