За нас

Кои сме ние?

„ЕКО-ФЛУИД“ е прва лиценцирана компанија во Северна Македонија, со основна дејност управување со масла и отпадни масла според начелото „загадувачот плаќа“ и во согласност со Законот за Проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад , и Законот за управување со дополнителни текови на отпад, со цел да се исполнат националните цели.

Како функционира системот?

Три едноставни чекори — од сервисот до рециклирањето.

1
Сервисот генерира масло

Авто-сервисот го собира отпадното моторно масло при секојдневното работење.

2
Собирачот го презема

Овластен собирач го презема маслото од локацијата на сервисот, согласно договор.

3
Рециклаторот го преработува

Овластен рециклатор го третира маслото согласно еколошките и законските стандарди.

Принципи и обврски

За што се залагаме

Нашата компанија се обврзува да воспостави систем за управување на отпадните масла, во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во Република Северна Македонија, како и со меѓународните стандарди.

motorni masla
Поставување систем

За управување со отпадни масла кој ќе креира најголеми еколошки придобивки со минимум економски ресурси и напори

maslo | otpadno maslo
Транспарентно работење

Се залагаме за отвореност и честност во секој аспект на нашата дејност.


Recikliranje na otpadni masla | Skopje
Рамноправен третман на сите клиенти

Веруваме во принципот на еднаква почит и внимание кон секој индивидуален клиент, независно од нивните лични карактеристики, финансиски статус или други фактори.

recikliranje na otpadni masla
Градење партнерски односи

Со владините министерства и локалната самоуправа за остварување на националните цели за постапување со отпадни масла


Еко Флуид во бројки

Систем на Еко Флуид

2023
основано
150+
сервиси во
системот
700+
тони масло
годишно
5+
партнери
собирачи
Зошто да не изберете нас?

Уште нешто за нас

ЕКО-ФЛУИД е непрофитна компанија, основана на 20.11.23, чија дејност е управување со отпадни масла, согласно Законот за Проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, и Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

ЕКО-ФЛУИД е прва лиценцирана компанија во Северна Македонија, од Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање како колективен постапувач за управување со масла и отпадни масла. Оваа лиценца потврдува за нашата посветеност кон одговорно и еколошки-свесно управување со отпадните масла, со цел подобрување на околината и спроведување на највисоки стандарди во областа на управувањето со отпадните масла.

Целта на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државните институции, и согласно со европските регулативи - да го минимизира негативното влијание на отпадните масла врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон отпадните масла, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Основачи на Еко Флуид

ФУКС МАК ДООЕЛ

БОДАЛ ДОО

СЕЧА 96 ДОО

МАК-ЛУБ ДОО

Запознајте го тимот

Нашата работа ја движат луѓе кои веруваат во еко-промена

Бесник Адеми
CEO
Ирена Тасевска
Маркетинг Координатор
Александра Ѓорѓиевска
Менаџер за поддршка на клиенти
Кристијан Поп-Илиев
Финансиски и оперативен менаџер