Информации
Често поставувани прашања
Сè што треба да знаете за отпадното моторно масло и нашите услуги.
Отпадно моторно масло е употребено масло од моторни возила, машини или индустриска опрема кое поради користење ги изгубило своите својства. Тоа содржи штетни материи и се смета за опасен отпад.
Неправилното отстранување на отпадното масло може сериозно да ја загрози животната средина, да ја загадува почвата, водата и воздухот. Со правилно собирање и третман се спречува загадување и се овозможува негова понатамошна преработка или безбедно третирање.
Согласно важечката законска регулатива за управување со отпадни масла, правните субјекти и физичките лица кои генерираат отпадни масла имаат законска обврска истите да ги предадат на овластен собирач.
Неправилното постапување, истурање или фрлање на отпадното масло е строго забрането и подлежи на санкции, бидејќи претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето.
Неправилното постапување, истурање или фрлање на отпадното масло е строго забрането и подлежи на санкции, бидејќи претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето.
Можете да не контактирате директно преку телефон или е-пошта. Нашиот тим организира преземање на отпадното масло од вашата локација, согласно договорен термин и услови.
Да. За секое преземање се издава соодветна документација и потврда за предаденото количество отпадно масло, како доказ за законско и правилно постапување.
Отпадното масло се транспортира и се предава на овластени оператори за понатамошен третман или рециклирање, согласно законските прописи и еколошките стандарди.



