
Заедно за поубав и позелен училишен двор!
2026-04-16 12:00:00
Во соработка со АСУЦ реализиравме донација на мали садници, кои учениците со голем ентузијазам ги засадија во училишниот двор.
Со оваа активност, не само што се разубави просторот, туку учениците директно придонесоа и научија колку е важна грижата за природата.
Настанот беше исполнет и со интересни едукативни активности:
еколошка сложувалка која ги поттикна учениците да размислуваат за животната средина
креативни мотивациски пораки поставени на дрвјата, како симбол на одговорност и свесност
Со многу енергија, креативност и тимска работа, учениците покажаа дека секој мал чекор има големо значење











