
Заедно за почиста и поодговорна средина
2026-05-05 12:00:00
🌱 Заедно за почиста и поодговорна средина
Во Општина Чаир реализиравме донација на канти и контејнери во Клиниката за гинекологија и акушерство, со цел подобрување на управувањето со отпад и одржување на повисоки хигиенски стандарди.
Паралелно, во детската градинка „Фидани“ дониравме канти и организиравме едукативни активности, каде децата преку претстава и еко-цртежи учеа за значењето на чистата животна средина.
Со вакви активности ја поврзуваме практичната поддршка со едукацијата и придонесуваме кон долгорочна еколошка свест 🌍

















