
Заедно создаваме зелена иднина!
2025-11-17 12:00:00
🌿 Заедно создаваме зелена иднина!
Еко Флуид, во соработка со LTH Learnica, реализираше едукативна обука и еко-акција за садење дрвја во дворот на Гимназијата „Климент Охридски“ во Охрид.
Учениците од Еко-клубот, заедно со тимовите на Еко Флуид и LTH, засадија зимзелени садници и се запознаа со важноста на еколошката одговорност и грижата за природата. 🌱
По активноста, Еко Флуид донираше ротациона табла за потребите на училиштето – мал придонес за подобри услови и поддршка на идните еко-иницијативи.
Оваа акција покажа дека заедничките дела носат вистински промени. ✨
🤝 Ги поздравуваме LTH Learnica, училиштето и сите млади учесници што ја направија оваа активност успешна.
🌳 Садиме денес, создаваме подобро утре.










