Во дворот на хотел „Инеx Олгица“, заедно засадивме маслинки

2025-11-19 12:00:00

🌿 Заедно со учесниците, предавачите и младите лидери од Школата на Претседателот Иванов, создадовме еко-активност што ќе остане запаметена.
Во дворот на хотел „Инеx Олгица“, заедно засадивме маслинки — дрвја што симболизираат раст, мудрост и континуитет. 🌳
Оваа заедничка акција претставува силна порака за одржливост и за грижата кон природата која ја споделуваме како вредност.
За нас во Еко Флуид, чест и задоволство е што придонесовме кон создавање зелено наследство што ќе остане за идните генерации. 💚
Горди сме што сме дел од оваа инспиративна школа и што заедно градиме подобро, поодржливо утре.