Училишна презентација: Едукација за отпадните масла и нивното влијание врз животната средина

2026-05-07 12:00:00

Во соработка со училиштето „22 Ноември“ во Ченто, на 06.05.2026 година се реализираше едукативна активност посветена на подигнување на свеста кај младите за еден од сериозните еколошки предизвици – отпадните масла и нивното влијание врз животната средина.

Учениците активно учествуваа со презентации и дискусии, преку кои на јасен и креативен начин ги истакнаа ризиците од неправилно ракување со отпадни масла, кои можат да доведат до загадување на почвата, водата и целокупните екосистеми.

Оваа иницијатива уште еднаш ја потврди важноста на едукацијата како клучен фактор за развој на еколошка свест кај младите. Вклучувањето на учениците во реални еколошки теми придонесува тие да станат активни носители на промени и одговорни идни граѓани.

Еко Флуид останува посветен поддржувач на вакви иницијативи, насочени кон едукација, развој и јакнење на еколошката свест. Нашата цел е да придонесеме кон поодговорно управување со штетни материи и создавање на почиста и поодржлива средина.

Посебна благодарност до училиштето „22 Ноември“ – Скопје за соработката и поддршката во реализацијата на оваа важна еколошка мисија.

Биди ИН, со природата во ТИМ.