Светски ден на здравјето на животната средина
На 26.09.2024 се одбележ Светски ден на здравјето на животната средина.
По тој повод Еко Флуид во центарот на градот Скопје направи едукативна промоција и директна комуникација со случајни минувачи, укажувајќи на неколку клучни сегменти:
Дали знаете дека 1л отпадно масло одложено во природните води може да загади 1.000.000 литри вода, а истата таа да навлезе во почвата?
Дали знаете дека палењето на отпадните моторни масла ослободува јаглерод моноксид, сулфурни и азотни оксиди, метан, тешки метали и сл...?
Кога ќе ги поставите овие две прашања, ќе дојдете до најголемиот заклучок дека животната средина е еден од најбитните фактори за човековото здравје. Од тие причини да ги рециклираме отпадните масла за да имаме чиста вода за пиење и здрава почва за создавање храна...