
Саем за ученици
2025-04-22 12:00:00
Во текот на вчерашниот ден 16.04.2025 во спортската сала на АСУЦ „Боро Петрушевски” се одржа саем за ученици од завршните генерации како и беа презентирани можностите за новите генерации кои што планираат своето средно образование да го продолжат токму таму,
Еко Флуид како соработник партнер на овој саем имаше свој штанд, каде што на најмладите им беше презентира важноста за рециклирањето за понатамошна заштита на животната срдина.
Беа поделени многу едукативни подароци, а на нашето тркало на среќата 10 најсреќни ученици добија смарт часовници и блутут слушалки.












