
Предновогодишен настан со ЦИАК Ауто
2024-12-26 12:00:00
Во петокот на 20.12.2024-та година Еко Флуид заедно со ЦИАК ауто организираа предновогодишно коктел дружење, каде што на присутните авто срервисери им беа презентирани законските обврски за рециклидање на отпадните моторни масла и се најави проектот кој ќе започне да се реализира во 2025та годна, “Стани Еко Сервис”. Со цел да се стимулираат еколошките навики, Еко Флуид на клиентите на ЦИАК Ауто им подари пумпи за извлекување на отпадни моторни масла. После овој настан се надеваме дека и други авто сервиси ќе се обратат кај нас со цел да станат дел од мисијата за почиста животна средина.