Посета на Акватек од средношколци со нивни професори од повеќе средни училишта од Скопје и Кочани

2024-06-09 12:00:00

Изминатиот викенд АКВАТЕК го посетија 70-тина средношколци со нивните професори од повеќе средни училишта од Скопје и Кочани. Се запознаа со нуркањето како спорт, се разговараше за биодиверзитетот во Охридското Езеро  и за заштита на животната средина. Еко Флуид ја поддржа оваа иницијатива со цел младите да се информираат за одговорно и еколошки-свесно управување со отпадните масла, со цел подобрување на околината и спроведување на највисоки стандарди.