Панел дискусија на тема "ЕКОЛОШКА ТАКСА ЗА МАСЛА – ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАСЛА И ОТПАДНИ МАСЛА"

2024-08-13 12:00:00

Оваа иницијатива беше реализирана во соработка со Стопанска Комора на Северна Македонија, со цел да се обезбедат подетални и конкретни информации за примената на законските обврски во врска со управувањето со масла и отпадни масла.


Во рамките на панелот, учествуваа претставници од релевантни институции, вклучувајќи ја и Министерката за Животна Средина Каја Шукова.
Во текот на дискусијата се иницираа одговори на прашања поврзани со имплементацијата на законските обврски, начинот на пријавување на количините на масла, пресметувањето на еколошката такса и други законски аспекти.


ЕКО-ФЛУИД се заблагодарува на сите учесници за активното учество и за споделените знаења и искуства!