Отворен дијалог за одржлива иднина

2026-04-03 12:00:00

Отворен дијалог за одржлива иднина
На 27.03.2026, Еко Флуид учествуваше на панел дискусијата „Петок во 5“, во организација на ИСЛА – Алумни асоцијација на Иванов школата.
Темата на настанот – циркуларна економија – отвори значајни прашања за одржливото користење на ресурсите, управувањето со отпад и улогата на компаниите во заштитата на животната средина.
Преку учеството на Еко Флуид и Макстил, беа споделени реални искуства, практични примери и предизвици од секојдневното работење, со цел да се доближат овие теми до пошироката јавност.
Настанот беше одлично посетен, со силно присуство на млади лидери, што придонесе за динамична дискусија, размена на идеи и нови перспективи.
💚 Заедно градиме поодржлива иднина.
#EkoFluid #ЦиркуларнаЕкономија #ISLA #ОпштественаОдговорност #SustainableFuture