Open Day во Мега Ауто Партс Гостивар

2024-10-31 12:00:00

На 5-ти октомври, компанијата Мега ауто партс организираше Open Day наменет за своите соработници и сервисери на возила. На нивно барање, претставници од Еко Флуид одржаа едукативна работилница за придобивките од рециклирањето на моторните масла, акцентирајќи ги користите за здравата животна средина и заштитата на здравјето на луѓето, како и даде детален осврт на законските обврски.
Детално беше објаснета опремата која се користи за извлекување на отпадното масло, како и важноста на правилното управување со овој тип на отпад кој е воедно ресурс за нови производи.


На сите присутни им беа поделени едукативни материјали од Еко Флуид. Водечката работилница доби позитивни повратни информации од сервизерите, кои беа заинтересирани за темата.