
Заедно на јубилејното издание на Охрид Трчат
Оваа година имавме чест и задоволство да бидеме дел од едно навистина посебно спортско доживување – јубилејното 10. издание на Охрид Трчат.
Повеќе од спортски настан, Охрид Трчат претставува искуство кое обединува илјадници учесници, поддржувачи и љубители на спортот околу заеднички вредности – здрав живот, истрајност,и заедништво. Како спонзор на настанот, горди сме што бевме дел од оваа приказна и што имавме можност да ја почувствуваме енергијата која го исполнува Охрид во текот на овој спортски викенд.
За нас, учеството во ова јубилејно издание беше повеќе од спонзорство – беше можност да бидеме дел од едно инспиративно искуство кое промовира здрави навики, активен животен стил и позитивни вредности во заедницата.
Дополнителна вредност на нашето учество беше можноста директно да комуницираме со посетителите и да ја подигнеме свеста за важноста на одговорното однесување кон животната средина. Преку едукативни активности и разговори со граѓаните, ја истакнавме улогата на рециклирањето и рационалното користење на природните ресурси како клучни чекори кон создавање поодржлива и поодговорна иднина. Веруваме дека секоја мала промена во секојдневните навики може да придонесе за значително позитивно влијание врз заедницата и животната средина.
Остануваме посветени на поддршка на иницијативи кои поттикнуваат физичка активност, грижа за здравјето и создавање посилни и поврзани заедници.










