Обука за еколошко и безбедно управување со отпадно масло и масти во Макстил

2025-05-13 12:00:00

Во рамките на минатиот месец април, Месецот за безбедност и здравје при работа, во заедничка соработка помеѓу Макстил и Еко Флуид, беа реализирани обуки посветени на еколошко и безбедно управување со отпадно масло и масти.
Првата обука се одржа на 25 април во погонoт Челичарница, а втората на 29 април во погонoт Валавница.
Целта на овие специјализирани обуки беше:
• Подигнување на свеста за штетите од неправилно постапување со отпадните масла и масти.
• Промовирање на одговорни и одржливи практики за нивно управување.
• Оспособување на учесниците за активно учество во заштита на животната средина.
• Поттикнување на намалување на употребата на нови масла преку реупотреба и рециклирање на отпадното масло што се создава при редовните работни процеси.
Со влегувањето во сила на новата законска регулатива за увоз и управување со моторни масла и масти од 01.01.2024, Макстил стана активен дел од системот за рециклирање во овој сегмент. Во таа насока, Еко Флуид донираше опрема за собирање и правилно управување со отпадното масло, значително придонесувајќи за ефикасноста и одржливоста на процесот.
Им благодариме на сите учесници за нивната посветеност и активно учество во овој важен чекор кон поеколошка и одржлива иднина.