
Март одбележан со пошумување во Холандскиот парк во Охрид
2026-03-12 12:00:00
Оваа година, на настанот организиран со Збогум Буково во Охрид, 8 Март беше одбележан на еден поинаков и еколошки начин. Наместо традиционалното подарување цвеќиња, се реализираше акција за пошумување на Холандскиот парк, со што се придонесе кон создавање позелена и поздрава животна средина. Во акцијата учествуваа бројни волонтери и граѓани, кои заеднички засадија нови садници и испратија силна порака дека грижата за природата е најубавиот подарок.
Како симболичен и одржлив подарок, секоја присутна жена доби сет со микробилки, поттикнувајќи одговорен однос кон природата и здрави животни навики.
Заедно градиме поздрава и позелена иднина 🌍







