Корпоративна Општествена Одговорност
2024-10-31 12:00:00
На 8 октомври 2024 година, во Хотел Актор, Скопје, се одржа Бизнис Форум на тема „Корпоративна Општествена Одговорност, филантропија и владини политики: Соработка за посилно општество“. Настанот вклучуваше панел дискусија со учесници од приватниот сектор, меѓу кои и г. Бесник Адеми, директор на Еко-Флуид ДОО Скопје. Промовирана беше и втората едиција на Белата Книга на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, која ги истакнува добрите практики за филантропија и корпоративна одговорност на компаниите-членки. Претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќура, ги повика компаниите да продолжат со поддршка на важни проекти за позитивни промени во заедницата.