
Јубилеј што обединува: 20 години Стопанска комора на Северо-Западна Македонија
На 02.06.2026 година имавме чест и задоволство да бидеме дел од Свечениот настан по повод 20-годишнината од основањето на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија - значаен јубилеј кој претставува две децении посветеност, развој и поддршка на бизнис-заедницата во земјата.
Како горд спонзор на оваа манифестација, Еко Флуид имаше можност да даде свој придонес во одбележувањето на овој важен настан. Посебна чест ни претставуваше фактот што директорот на Еко Флуид, господинот Бесник Адеми, во име на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, имаше чест да додели награди на дел од присутните гости и учесници, како признание за нивниот придонес и успешна работа.
Настанот беше одлична можност за средба и вмрежување на претставници од бизнис-секторот, институциите и партнерските организации, како и за одбележување на достигнувањата на Комората во изминатите 20 години.
Еко Флуид останува посветен поддржувач на иницијативите кои придонесуваат за економски развој, соработка и јакнење на деловната заедница. Им честитаме на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија за овој значаен јубилеј и им посакуваме уште многу успешни години исполнети со нови достигнувања и успеси.








