ЈСП Скопје

2026-01-21 12:00:00

Еко Флуид продолжува со поддршка на институциите кои имаат клучна улога во заштитата на животната средина.
Со цел унапредување на безбедното и одговорно управување со отпадно моторно масло, Еко Флуид донираше опрема за складирање (пумпи и канистри) на ЈСП.
Преку вакви иницијативи, заеднички придонесуваме кон правилно собирање и складирање на отпадните масла и кон почиста и поздрава животна средина за сите.
Грижата за животната средина започнува со одговорни чекори.
Веруваме дека преку соработка и конкретни акции можеме заедно да направиме вистинска разлика за почиста Македонија.