Инвестираме во иднината на нашата планета

2025-04-04 12:00:00

Со поставувањето на садниците, се направи зелен појас долж оградите на двете детски градинки во населбата Автокоманда.
Овој зелен појас воедно ќе претставува заштита од издувните гасови од возилата, кои се движат покрај самите градинки, а децата опкружени со зеленило ќе може безгрижно да го поминуваат времето во дворот на градинките.
Се надеваме дека нашата акција ќе даде поттик и ќе биде пример за секој од нас да биде во тим со животната средина, а со создавањето на вакви зелени појаси да “Инвестираме во иднината на нашата планета”