Генералка викенд во ООУ „25 Мај“

2025-05-13 12:00:00

Во рамки на Генералка викенд, Еко Флуид активно се вклучи во поддршка на ООУ „25 Мај“ – населба Ченто.

Ученици од училиштето спроведоа истражувања за моторните масла и придобивките од нивно рециклирање. На 9 мај, во училиштето беа презентирани резултатите од нивната работа.
Еко Флуид ги награди младите истражувачи со подароци и сертификати, поттикнувајќи ги и понатаму да бидат активен дел од еко-свеста и заштитата на животната средина. ♻️🌍