Еко Флуид заедно со Лукоил одржаа едукативни промоции

2025-08-18 12:00:00

Во саботата, Еко Флуид заедно со @lukoil.macedonia одржаа едукативни промоции на бензинските станици во главните туристички центри во Македонија – Охрид и Струга. 🌱
На посетителите и на туристите им беше презентиран бенефитот од рециклирањето на отпадните моторни масла и како тоа сите ние како граѓани можеме да придонесеме да ја заштитиме животната средина. 💚
Продолжуваме со едукација и промоција на здрави навики и во другите градови на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија. Следете ги социјалните мрежи на двете компании и бидете ин со природата во тим. ⛽🌍