Еко Флуид на ТОП 100™ 2025!

2025-11-27 12:00:00

✨ Еко Флуид на ТОП 100™ 2025!
Горди сме што Еко Флуид беше дел од 16-тото издание на ТОП 100™ 2025, настан кој годинава го одбележа и 20-годишниот јубилеј на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.
Настанот собра над 400 присутни, а беа презентирани импресивните резултати на македонските компании за 2024 година.
За нас, како Еко Флуид, беше чест да бидеме дел од овој важен настан и да ја поддржиме бизнис-заедницата што ја движи економијата напред.
💚 Продолжуваме со нашата мисија за поодржлива иднина.
📸 Фотографии: Стопанска комора на Северо-Западна Македонија