Еко Флуид активно ја спроведува кампањата "Станете ЕКО СЕРВИС"

2025-02-11 12:00:00

Еко Флуид во соработка со Мега Ауто Партс на ден 07.02.2025 година подари специјална опрема за извлекување и складирање на отпадни моторни масла на локалните авто сервиси.
При оваа иницијатива, авто сервисите добија кратка презентација за правилното одложување на отпадните масла, како и законските обврски во управувањето со посебните текови на отпад. Нашата цел е да ги поддржиме сервисите во усвојување на еколошки стандарди, а Еко Флуид ќе продолжи да го следи нивното работење за да обезбеди целосна имплементација на условите за добивање на сертификатот „ЕКО СЕРВИС".
Веруваме дека овој настан ќе поттикне и други авто сервиси да ни се придружат во мисијата за почиста животна средина.
Биди Ин со ЕКО ФЛУИД во Тим!