
Еко Флуид ја поддржа 16-та Школа за млади лидери
Еко Флуид со голема чест ја поддржа 16-та Школа за Млади Лидери на Претседателот Иванов. Веруваме дека е од исклучителна важност младите да имаат можност да учат за лидерство од вистински, неприкосновени и докажани лидери, кои со своето знаење, интегритет и искуство ја обликуваат иднината. Токму затоа, горди сме што сме дел од иницијатива која повеќе од една деценија создава квалитетни, посветени и одговорни млади професионалци.
Во рамки на програмата, заедно со младите лидери учествувавме во значајна еколошка активност - обновување на маслиновата гора на Горица, во рамки на хотелот Инекс Олгица, Охрид. Со оваа иницијатива испраќаме силна порака дека вистинското лидерство започнува со грижа за природата, а секое посадено дрвце е инвестиција во поодржлива иднина за сите нас. Денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на маслиновото дрво, се потсетуваме колку е значајно да се негуваат мирот, мудроста и издржливоста - вредности кои маслинката ги симболизира со векови, а кои се темел на секое вистинско лидерство.
Oстануваме посветени на поддршка на визионерски, одржливи и еколошки иницијативи кои создаваат долгорочни вредности.











