Едукативна работилница за циркуларната економија

2024-11-26 12:00:00

На 25.11.2024 година Еко Флуид во соработка со Занаетчиската комора Скопје одржа едукативна работилница за циркуларната економија и посебен акцент се стави целиот циркуларен процес на моторните масла од нивната продажба, потрошувачката, создавањето на отпадното моторно масло, рециклирањето и бенефитите од рециклирањето акцентирајќи ги користите за здравата животна средина и заштитата на здравјето на луѓето, како и даде детален осврт на законските обврски.
Детално беше објаснета опремата која се користи за извлекување на отпадното масло, како и важноста на правилното управување со овој тип на отпад кој е воедно ресурс за нови производи.
На сите присутни им беа поделени едукативни материјали од Еко Флуид. Водечката работилница доби позитивни повратни информации од слушателите, кои беа заинтересирани за темата.
Воедно Еко Флуид останува да биде поддршка на овој сектор во делот на создавањето на инфраструктура како и обезбедување на соодветна опрема за работа.