Дружба со најмладите на базен “Атина Бојаџи”, сo идните промотери на здрав спортски живот и чиста животна средина – најмладите пливачи на П.К. "Охридски бранови 2008"-Oхрид

2024-07-29 12:00:00

Дружба со најмладите на базен “Атина Бојаџи”, сo идните промотери на здрав спортски живот и чиста животна средина – најмладите пливачи на П.К. "Охридски бранови 2008"-Oхрид.

Го представивме и промовиравме нуркањето како спорт и нагласивме за важноста за чисто Охридско Езеро. Поставуваме и одговаравме на интересни прашања од страна на младите пливачи. Кратка, но слатка дружба, која секако ќе ја повториме.

Благодарност до нивниот тренер Катерина И. Стојаноска, која тренинзите секогаш ги надополнува со забавни и едукативни содржини.

Поддржано од Еко Флуид, прва лиценцирана компанија, со основна дејност управување со масла и отпадни масла според начелото „загадувачот плаќа“ и со исклучителна посветеност кон одговорно и еколошки-свесно управување со отпадните масла, со цел подобрување на околината и спроведување на највисоки стандарди во областа на управувањето со отпадните масла.