Car Show во Прилеп

2024-10-31 12:00:00

На 11.10., Eko Fluid активно учествуваше на првото Car Show во Прилеп, каде што беа изложени над 600 автомобили. Овој настан беше одлична прилика да ги образуваме посетителите за важноста на рециклирањето на моторното масло. Нашиот тим сподели информации за процесот и фазите на рециклирање, истакнувајќи ја потребата за заштита на животната средина.

Посетителите изразија позитивен интерес и многумина се вклучија во разговорите, што создаде одлична комуникација. Секој учесник доби флаер со корисни еколошки информации, што ги охрабри да размислуваат за сопствениот придонес. Заедно, можеме да работиме кон почиста и поодржлива иднина.