
Подигнување на еколошката јавна свест преку автомобилската култура
Eko Fluid успешно учествуваше на Car Show Bitola со сопствен штанд, каде што посетителите од сите возрасти имаа можност да се информираат за правилното постапување со отпадното моторно масло, мисијата на компанијата и значењето на неговото рециклирање.
Организаторите Car Club Bitola собраа над 180 возила, а преку еколошки пораки, интерактивни игри и забавни содржини, темата за заштита на околината и ризиците од погрешно управување со отпадно масло беше претставена на пристапен и интересен начин за автомобилските ентузијасти.
Вакви настани претставуваат одлична можност да се допре до граѓаните кои редовно се занимаваат со возила и директно можат да придонесат за почиста и поздрава околина.
Беше вистинско задоволство да бидеме дел од овој настан.











