Car show Bitola

2025-06-24 12:00:00

Најмоќните пораки во саботата од Битола се испратија ширум светот!

На 21 јуни во Битола за првпат се одржа настан за собирање на најдобрите автомобили, најгласните мотори и најговорливите пораки – Car Show Битола , организиран од Car Club Bitola .
На едно место беа собрани 160 автомобили од повеќе држави, кои испратија силни еко-пораки до посетителите. Се организираа и забавни активности – влечење џип, настапи, игри...
Еко Флуид со задоволство го поддржа настанот и беше присутен со свој штанд, каде што граѓаните – млади и стари – се информираа за нашите активности и мисијата за правилно постапување со отпадното моторно масло.
Поделивме и симболични подароци за сите посетители.
Битола повторно ја отвори вратата за љубителите на автомобилизам – како некогаш во 1905 година.
Целата манифестација заврши со прекрасната изведба на Камерниот оркестар од Битола, а ние им честитаме на Car Club Битола за прекрасната организација и наскоро очекуваме покана за следната година.